Сдсм

Проширување на истрагата и оставка од Тошковски: Тренчевска – доста е од системски жртви

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ бара проширување на истрагата за насилството на Сара од Охрид.

Ова на пресконференјика го соопшти пратеничката Јованка Тренчевска.

Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност, праша Тренчевска.

Таа обвини дека Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците.

„Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемицид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност“, рече Тренчевска.

Додаде дека да не била брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе сме ја виделе старата шема на ВМРО.

„Жртвата е во болница и стравува за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните вмровски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па, откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа. Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем.

Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери – Биљана од Богданци, Росицwа од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО“, рече Тренчевска.

Најнови вести