Шпанија

Во Валенсија прогласен црвен метеоаларм поради бурата Адам

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Валенсија денеска е прогласен црвен метеоаларм поради бурата Адам, соопшти автономната влада на Валенсија, пренесуваат шпанските медиуми.

Бурата Адам, која ја зафати Шпанија во текот на викендот, однесе два човечки живота и продолжува да предизвикува инциденти и поплави во медитеранскиот регион и на Балеарските Острови, пренесува шпанскиот јавен сервис РТВЕ.

Денеска се забележани големи поплави во градот Олива, каде што се во тек спасувачки акции. Надлежните служби ги повикаа жителите да останат во своите домови или, доколку е потребно, да се евакуираат.

Службите за итни случаи ја следат состојбата и ги преземаат неопходните мерки за справување со последиците од невремето.

Најнови вести