Долниот дом на шпанскиот парламент усвои мерки за ублажување на станбената криза, еден ден по генералниот штрајк и големите улични протести низ целата земја.
Усвоените мерки имаат за цел да ги
ограничат присилните иселувања и нестандардните цени на пазарот на недвижности. Времетраењето на мерките ќе зависи од исходот на националните избори закажани за крајот од месецов.
Водечката опозициска партија, конзервативната Народна партија, најави дека доколку дојде на власт, ќе ги укине мерките од станбената политика воведени
од левичарската влада.
Шпанската влада се обиде да ги спроведе истите мерки уште во октомври, по реакциите на јавноста поради порастот на трошоците за домување. Повод за големи протести беше иселувањето на 87-годишна жена во Мадрид, настан што беше пренесуван на националната телевизија во живо, по што жената почина.