Љубовта, љубомората, надежта и разделбата што ги познаваме од „Травијата“ добиваат нов сценски израз.
Во балетската претстава „Дамата со камелии“ нема потреба од изговорени зборови. Музиката на Џузепе Верди и кореографијата на Василиј Медведев ги претвораат чувствата во движење.
На сцената, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет создаваат единствено музичко и визуелно доживување.
Ако сте љубител на музиката на Верди, ова е можност да ја почувствувате на поинаков начин.
„Дамата со камелии“ на 22 октомври, 20 часот во Македонска опера и балет.