Анализата на Сојузот на синдикати на Македонија покажува дека синдикалната минимална кошница во септември изнесувала 69.432 денари.
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември биле зголемени за 757 денари во однос на претходниот месец.
За храна и пијалоци биле потребни 25.259 денари, а минималните трошоци за учебната година изнесувале 7.192 денари.
ССМ додава дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември, синдикалната копничка изнесува вкупно 84.807 денари
Во јануари 2026 година Синдикалната минимална кошница изнесуваше 66.413 денари и истата во септември достигна 69.432 денари што е зголемување од 3.019 денари.