анализа за цена на горивата

Стојаноски: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пратеникот Бојан Стојаноски објави графички приказ со неколку анализи на цените на горивата во регионот и во Македонија.

Според него Македонија има најевтина цена на горивата во регионот, а Владата на Република Македонија има најголем обем на мерки за стабилноста на цената на горивата во регионот.

Тој во објавата додава дека Премиерот Мицкоски изјавил дека има преговори со најголемиот снабдувач на нафта и нафтени деривати за дополнителен попуст, со што според Стојаноски ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на горивото во регионот.

Цената на горивата е вонредно висока и тоа е исто така факт.Кризата на средниот исток има планетарно влијание и скоро сите земји на светот се афектирани од тоа.

Но исто така треба да се истакне и напорот кој се вложува за овие цени да бидат што е можно пониски, вели пратеникот Стојановски во објавата на социјалните медиумите.

Најнови вести