Нова цена на горивата

Од полноќ поевтинуваат горивата: Еве по која цена ќе се продава бензинот и дизелот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Регулаторната комисија за енергетика со нова корекција на цените на горивата.

Од полноќ бензините поевтинуваат за два денари по литар, додека дизелот ќе се продава по цена пониска за 2,50 денари.

Според новата одлука на Регулаторната комисија, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари за литар.

Дизел-горивото, чија цена се намалува за 2,50 денари, од полноќ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, а се намалува и цената на мазутот.

Најнови вести