телото на обдукција

Трагедија во Охрид: Го загубил животот откако со кану се превртел во езерото

Охриѓанец го загуби животот откако се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Според информациите, случајот бил пријавен на 10 октомври 2026 година, во 18:30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Несреќата се случила во близина на месноста „Извиднички“, каде што се превртело кануто управувано од А.Н. (57) од Охрид.

Веднаш по пријавата, на местото биле испратени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарот од медицинската екипа констатирал смрт кај 57-годишниот маж.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на околностите поврзани со трагичниот настан.

Најнови вести