свет

Трамп најави разговор со Путин за сомнежот за појава на чума во сибирски институт

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека закажал разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со можен случај на чума во еден истражувачки институт во Сибир, откако вработен во таа установа починал од воспаление на белите дробови од непозната причина.

Трамп, како што пренесува АП, им изјавил на новинарите во Белата куќа дека за овој случај ќе разговара со Путин „многу наскоро“.

На прашањето какви информации има американската разузнавачка заедница за случајот, Трамп изјавил дека Соединетите Американски Држави водат „многу сериозни разговори“ на оваа тема.

Во Сибир почина 28-годишната Дарја Шипилова, лабораториска работничка во Иркутскиот противчумен истражувачки институт. Таа развила тешка пневмонија, а причината сè уште не е утврдена. Бидејќи институтот работи со причинителот на чума и други опасни патогени, случајот предизвикал сомнежи дека можеби станува збор за белодробна чума

Најнови вести