Септемвриското усогласување на пензиите во Македонија ќе изнесува три насто. Зголемените пензии ќе се исплатат на почетокот на октомври, бидејќи пензијата се исплаќа за претходниот месец.
Бидејќи усогласувањето е процентуално и е утврдено со закон, а не претставува линеарно зголемување со фиксен износ, пензионерите со повисоки примања ќе добијат поголемо зголемување.
Новото усогласување е согласно со формулата утврдена во член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Законското усогласување се врши двапати годишно – во март и септември. При пресметката се земаат предвид растот на трошоците на живот и просечната исплатена нето-плата во првото полугодие во однос на претходните шест месеци.