УНИЦЕФ со застрашувачки бројки: Секој петти тинејџер бил вознемируван онлајн

Се проценува дека 20 милиони деца на возраст од 12 до 17 години – речиси секое петто дете - биле изложени на барем една форма на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија, во само една година.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија, објави УНИЦЕФ.

15 милиони деца биле изложени на несакана сексуална содржина, од 9 милиони било побарано да се вклучат во сексуални разговори или да споделат сексуални слики против своја волја, а сексуални слики од 4 милиони деца биле споделени без нивна согласност.
УНИЦЕФ нотира дека вистинскиот обем на проблемот веројатно е многу поголем поради недоволното пријавување од страна на децата.

,,Повеќе од 20 милиони деца во земјите опфатени со истражувањето биле изложени на несакана експлицитна сексуална содржина или експлоатација преку интернет, често во дигиталните простори каде што учат, играат и се поврзуваат со пријателите“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Во земјите опфатени со истражувањето, во 57 проценти од случаите било вклучено лице што детето веќе го познавало, меѓу кои и врсници, романтични партнери, пријатели и членови на семејството. Истовремено, 38 проценти од децата првпат го сретнале сторителот на интернет, а доказите покажуваат дека злоупотребата се олеснува преку лажни профили и приватни пораки.

Според анализата, децата изложени на експлоатација со помош на технологија имале четирипати поголема веројатност да пријават самоубиствени мисли или однесување и самоповредување, а пријавиле и значително повисоко ниво на анксиозност.

Во извештајот УНИЦЕФ повикува на итна акција од страна на владите:

  • Дигиталните платформи треба да бидат „безбедни по дизајн” – со посилна заштита на приватноста на децата, ограничувања за непосакуван контакт од возрасни, побезбедни системи за препораки и подобро откривање и пријавување злоупотреби.
  • Зајакнување на законите, регулативата и одговорноста, обезбедувајќи им на владите извршни инструменти и мерки за решавање на се поразвиените форми на злоупотреба, вклучително сексуална изнуда и материјал со сексуална злоупотреба генериран од вештачка интелигенција.
  • Градење системи за пријавување и поддршка на кои децата можат да им веруваат, како и вложувања во детска заштита, здравство, правда и социјални услуги.
  • Заштитата не смее да биде товар на децата. Семејствата, училиштата и заедниците треба да обезбедат поддршка кога децата ќе се доверат за злоупотребата која им се случила и да им помогнат безбедно да пристапат до соодветна помош.
  • Намалување на економската ранливост што ја
  • злоупотребуваат сторителите, преку посилна поддршка на семејствата и проширување на можностите за образование и вработување на децата и младите.
  • Справување со општествено-родовите норми со кои се нормализира сексуализацијата на девојчињата и се стигматизираат жртвите на сексуално насилство.

Најнови вести