Вандализам во Карпош

Уште една мета на вандали: Уништено детско игралиште во Карпош 1 (ФОТО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема. На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема.

Од општина Карпош информираат дека секоја година издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестираат и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

-За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи. Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани. Ги повикуваме сите да се однесуваме одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување, велат од општината.

Најнови вести