По повод одбележувањето на 50 години од основањето на Општина Карпош, граѓаните имаат можност да уживаат на голема музичка вечер со еден од најпрепознатливите македонски музички артисти – Кирил Џајковски и Dj колектив Sempre.
Прославата ќе се одржи утре, на 6 ноември со почеток од 21:00 часот пред платото на С.Ц. „Борис Трајковски”
„Подгответе се за вечер исполнета со одлична музика, позитивна енергија и роденденска атмосфера”, посочуваат од Општината. Влезот е бесплатен.