Јордан прогласи тридневна национална жалост откако вооружен маж отвори оган за време на погреб во црква, убивајќи најмалку седум лица и ранувајќи уште 40.
„Јасно е дека она што се случи е резултат на екстремистичка, радикална идеологија”, изјави портпаролот на владата на Јордан, Мохамед Момани.
За тоа дали постои организациска врска помеѓу сторителите и која било терористичка група, треба да покаже истрагата.
Министерот за здравство на Јордан, Ибрахим ал-Будур, рече дека двајца од повредените се во критична состојба.
Пукањето се случило во грчка православна црква во Карак, околу 180 километри јужно од главниот град Аман. Карак е дом на малцинско христијанско население.