Најмалку седум лица загинаа денеска во пукање во црква во гувернерството Карак, во јужниот дел на Јордан, изјавил неименуван безбедносен извор за државната телевизија.
Како што изјавил за медиумскиот сервис „Ал-Мамлака“, најмалку седум лица загинале во пукањето во црквата Хамуд, во местото Карак, населено со христијани, додека околу 10 лица биле повредени, од кои некои се во критична состојба.
Според наводите на властите, двајца непознати напаѓачи отвориле оган во внатрешноста на црквата.