Седмото издание на Скопски градски фестивал денеска ќе се одржи на летната сцена „Лепеза“ во градскиот парк. Настанот е под мотото Фрекфенција и почнува денеска во 12:00 часот, а влезот е слободен.
Вечерва во Филхармонија во рамки на фестивалот ќе настапат Мартин Ѓаконовски, GENT RUSHI И THANOS STAVRIDIS.
Меѓународно афирмираниот македонски контрабасист Мартин Ѓаконовски ќе настапи со албанскиот пијанист и композитор Gent Rushi и грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis.
Тројцата музичари, преку џезот, етномузиката и медитеранските влијанија, создаваат оригинален музички јазик што ги поврзува различните култури и традиции на Балканот.
Нивната соработка е директен пример за вредностите што ги застапува фестивалот: отвореност, културна размена, взаемно почитување и создавање нова уметничка вредност преку регионално поврзување.