Авиосообраќај

Во првите 9 месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале 3,33 милиони патници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Унгарската нискобуџетна компанија „Визер” превезла најголем дел од патниците на македонските аеродроми во првите девет месеци од годинава, со удел од 63,8% на Скопскиот и дури 70% на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.

Една од причините е значително пошироката понуда на летови. Летниот распоред за 2026 година предвидуваше од Скопје 15 авиокомпании да оперираат кон 54 редовни и сезонски дестинации, како и дополнителни чартер-летови. Од Охрид осум авиокомпании беа поврзани со 17
дестинации.

Годинава повторно беа вратени линиите кон Неапол, Будимпешта, Милано, Вроцлав, Катовице и Братислава, а беа отворени и врски со Палермо и Алгеро.

За споредба, во цела 2025 година преку македонските аеродроми патувале 3.475.288 патници. Практично, за девет месеци годинава е достигнат околу 96% од минатогодишниот резултат.

Силен раст бележи и охридскиот аеродром. Само во јули преку „Св. Апостол Павле“ поминале 52.544 патници, или 41,2% повеќе од истиот месец изминатата година.

Паралелно со растот на сообраќајот, ви Охрид се реализира модернизација вредна 2,7 милиони евра. Во првите осум месеци од годинава аеродромот имал 232.421 патници, што е раст од 26,5%.

Најнови вести