Шести триумф за Сингапур ерлајнс

Прогласена најдобрата авиокомпанија во светот за 2026 година

Војни. Климатски хаос. Раст на цените на горивото. Непослушни патници кои завршуваат со леплива лента залепена преку нивните седишта. Не е воопшто лесно да се води авиокомпанија во овие турбулентни времиња, но некои очигледно го прават тоа подобро од другите.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Годишните награди „Скајтракс“, познати како Оскарите на авијациската индустрија поради гламурозната церемонија на која се оддава признание на глобалните и регионалните авиокомпании кои најчесто нè носат до посакуваната дестинација, ја прогласија најдобрата авиокомпанија во светот.

За 2026 година, победник е ,,Сингапур ерлајнс”. На азиската авиокомпанија наградата ѝ беше врачена во петокот, на свеченост во луксузниот хотел „Ленгем“ во Лондон, каде што шефовите на конкурентските авиокомпании накратко ги оставија ривалствата на страна за да разменат ракувања, да се послужат со канапеи и да ги проследат останатите награди, кои опфаќаат категории од квалитетот на Wi-Fi-от во авионот до чистотата на кабините.

Ова е шести пат ,,Сингапу ерлајнс” како ја добива главната награда во 25 годишната историја на признанијата. Претходно триумфираше во 2023 и 2018 година, како и неколкупати во првата деценија од 2000-тите. Оваа година ја презеде титулата од минатогодишниот победник Катар ервејс, кој девет пати ја освоил наградата во последните 15 години.

Како што истакна извршниот директор на „Скајтракс“, Едвард Плејстед, наградата речиси исклучиво останувала во рацете на седум елитни авиокомпании, од кои повеќето и годинава се најдоа меѓу 20-те најдобри.

Во конечниот пласман, ,,Катар Ервејс” падна на второто место, додека Катхи пацифик ервејс, јапонската Ал Нипон ервејс, Туркиш ерлајнс и Емиратите ги заокружија првите шест.

Од минатогодишните победници, единствено Бритиш ервејс недостасуваше од овогодинешната листа. Американските авиокомпании целосно отсуствуваа што е честа појава на листата на „Скајтракс“, а Ер Канада беше единствениот претставник од Северна Америка.

Големата награда, според извршниот директор на Сингапур ерлајнс, Го Чун Фонг, во однапред подготвената изјава е „доказ за посветеноста и професионалноста на нашите луѓе“.

Некои од нив беа меѓу бројните членови на кабинскиот персонал кои присуствуваа на настанот во целосни униформи – вистинско освежување со своите бои во просторијата во која доминираа темносини костуми. Неколкумина од нив имаа можност и да изведат танцови точки на сцената пред присутните.

,,Катар ервејс“ беше прогласена за најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток, а освои и награди за својата бизнис-класа, Wi-Fi-от во авионите и салонот за патници од бизнис-класата. „Катеј Пацифик“ освои награди за својот кабински персонал и за салонот за патници од прва класа.

Сите тие ракувања и честитки сепак не можеа целосно да ги засенат бројните предизвици со кои моментално се соочува авијациската индустрија. На маргините на настанот се разговараше за конфликтот со Иран, руската инвазија врз Украина, растот на цената на нафтата, новите доцнења во испораката на авиони, како и за заладените меѓународни односи на САД.

Најнови вести