Европска ноќ на истражувачите 2026, ќе се одржи денес, 25 септември, во рамките на проектот „CHOOSE SCIENCE – Избери наука!“, координиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Настанот има за цел да ја приближи науката до јавноста, а активности покрај во Скопје ќе се реализираат и во Битола, Штип и Охрид. Сите настани се бесплатни и отворени за јавноста.
На Машински факултет во Скопје, работилници по мехатроника, индустриска роботика, дизајн и моторни возила. На ФЕИТ, работилници за обновливи извори на енергија, ЕУ катче за технолошки иновации. На ФИНКИ, панел-дискусија за вештачка интелигенција, дигитална трансформација и кибербезбедност.
На Природно-математичкиот факултет, посети на Ботаничката градина, Лабораторијата за креативна математика и Сеизмолошката опсерваторија. На Економскиот факултет пак, работилница „Нарушувањата можат да бидат забавни“ – како бизнис-аналитиката и податоците помагаат во разбирањето на деловните трендови и предизвици.
Спој на различни дисциплини — од роботика и машинско учење до ботаника и сеизмологија. Ова е одлична можност за младите да ја доживеат науката надвор од учебниците, преку директен контакт со истражувачите и експерименти.