Иранскиот врховен лидер, ајатолах Моџтаба Хамнеи, ги повика земјите од Заливот на единсрво. Во порака по повод празникот на раѓањето на пророкот Мухамед, Хамнеи повика на единство, меѓусебна одбрана и поголема соработка меѓу муслиманите во светот.
Врховниот лидер Хамнеи не е виден во јавноста откако пред шест месеци беше ранет во американско-израелските воздушни напади во кои загина неговиот татко и тогашен врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.
Меѓународната поморска организација на Обединетите нации соопшти дека околу 6.000 морнари на приближно 400 бродови се блокирани во регионот поради неможноста да поминат низ Ормускиот Теснец. Причина за блокадата се продолжените тензии меѓу Иран и САД, кои го нарушија поморскиот сообраќај низ една од најважните поморски рути за транспорт на енергенси.