Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Соединетите Американски Држави размислуваат за воен напад врз Иран. Сепак, Трамп одново кажа дека светот би бил „поинакво место” доколку на Иран му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје.
Претходно, американскиот новинар Такер Карлсон изнесе тврдења дека САД се на чекор од нуклеарен напад врз Иран, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно врши притисок врз Вашингтон да ги нападне подземните ирански постројки.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се постигне договор со Иран, во услови кога војната предизвика нагло зголемување на цените на горивата и пад на неговиот рејтинг.