Бројот на загинати во рускиот напад врз образовна установа во Украина се искачи на 24

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бројот на загинати во денешните руски напади врз образовна установа во местото Комишуваха, во Запорошката област во југоисточна Украина, се искачи на 24 лица, соопшти украинската Државна служба за вонредни ситуации.

Меѓу загинатите се двајца припадници на спасувачката служба и четворица полицајци.

Во нападите се повредени уште пет лица, меѓу кои и двајца спасувачи. Акцијата за спасување и расчистување на урнатините сè уште трае, пренесува „Укринформ“.

Според шефот на Државната служба за вонредни ситуации, Андриј Даник, руските сили утрово ја нападнале образовната установа во едно од населените места во Запорошкиот округ.

Најнови вести