Шпанскиот премиер Педро Санчез испрати порака за поддршка до жителите на Сеута, на официјалниот ден на шпанската енклавa и вети дека владата ги вложува сите ресурси за жителите на Сеута да можат да се вратат во мир.
Изминатиот месец, околу 72 000 луѓе се упатија кон малата шпанска територија што се граничи со Мароко, а најмалку 90 загинаа во обид да стигнат до Европа.
Повеќето од мигрантите брзо се вратија или беа вратени преку границата, но околу 5 000, вклучувајќи 1 200 малолетници, останаа во Сеута неколку недели подоцна.
Останува прашањето што ја предизвика масовната миграција, за кое владата вели дека било поттикнато од онлајн кампања на социјалните медиуми.
Ненадејниот прилив на десетици илјади мигранти во Сеута, која има население од околу 84 000 луѓе, стави огромен притисок врз ресурсите и ги налути жителите. Локалните власти изјавија дека централната влада на Шпанија ги игнорирала предупредувачките знаци пред да биде пробиена границата.