Десетици илјади луѓе учествуваа на протестите во Виена поради незадоволството од намалувањето на буџетите за универзитетите.
Според организаторите, на протестот се собрале 50.000 студенти, предавачи и вработени на универзитетите.
Голема поворка демонстранти помина низ центарот на Виена, предизвикувајќи сериозни нарушувања во вечерниот сообраќај, објави весникот „Кроне“.
По инцидент што се случил на маргините на собирот, демонстрациите биле завршени.