Полицијата во Италија е подготвена со засилени контроли, надзор со дронови и дополнителни патроли за денешните протести најавени во повеќе градови.
Најголеми се подготовките во Рим и Милано, по насилствата и оштетувањето продавници изминатиот викенд. Протести се очекуваат и во Торино, Болоња, Џенова и Фиренца.
Контролите ќе ги опфатат плоштадите и маршрутите на поворките, но и железничките станици, автобуските терминали и метро-станиците. Посебно внимание ќе добијт централните трговски зони.
Во Милано дополнителното засилување го сочинуваат 500 војници. Нивното распоредување предизвика и расправа во владата за улогата и овластувањата на војската во одржувањето на јавниот ред.
Движењето „17 октомври” соопшти дека ги менува претходно објавените места за собирање. Организаторите ја критикуваат владината реакција како обид за замолчување на незадоволството.