Европа

Нови протести во Франција, упасени над 120 лица

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Француската полиција приведе 121 лице за време на денешните протести. Француското Министерството за внатрешни работи објави дека 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите велат дека на улиците излегле околу 200.000 граѓани.

Приведените демонстранти главно завршиле со лисици на раце поради носење оружје од категоријата Д, навреди и прекршување забрани за присуство на одредени места или учество на демонстрации.

Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации. Едни се противат на предлог-законот за законитоста на употребата на оружје од припадниците на безбедносните сили, други одржаа меѓународен марш против насилството врз децата и беше одржан протест на движењето „Жолти елеци” против трошоците за живот.

Тензии и немири беа регистрирани во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. Во Париз полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Во Нант полицијата интервенираше со водени топови, во Бордо нотирани судири на демонстрантите со полициските службеници.

Најнови вести