Локални избори - Брвеница

Дежурен е Народниот правобранител за пријави за повреда на избирачкото право

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Народниот правобранител денеска е достапен за прием на претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право за време на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница.

Подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето. Пријавите ќе можат да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044/344-082.

Народниот правобранител информира дека ќе ги штити правата на граѓаните преку преземање итни мерки за постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции задолжени за заштита на загарантираните права.

Во нагласува дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на избирачкото право, при што потсетуваат дека повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право претставуваат казниви дела.

Најнови вести