Избори во соседството

Во Македонија, за гласање на бугарските претседателски избори се пријавиле 265 гласачи

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

265 гласачи во Македонија, најмногу во Прилеп и Струмица се пријавиле за денешните претседателски избори.

Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, бугарските државјани можат да гласаат во седум града.

Во Прилеп се пријавиле 60 гласачи, во Струмица 55, во Кочани 43, а во Кавадарци 41 гласачи. Се гласа и во Охрид, во бугарската амбасада во Скопје и во Генералниот конзулат во Битола.

Гласачите што не се пријавиле однапред, можат тоа да го сторат на избирачкото место, со што ќе треба да потпишат декларација дека не гласале и нема да гласаат на друго место.

Најнови вести