Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување

Почна изборниот молк за вториот круг од локалните изборите во Брвеница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Почна изборниот молк за предвремените избори за вториот круг од локалните избори во Брвеница. Во трка за градоначалничката функција се двајца кандидати. Денес гласаат болните и изнемоштени како и затворениците и лицата кои издржуваат мерка притвор.

Државната изборна комисија информира дека почитувањето на изборниот молк е дел од демократскиот изборен процес и овозможува граѓаните слободно, самостојно и без притисоци да ја донесат својата одлука.

Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство.

Жителите на Општина Брвеница утре избираат градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

Најнови вести