Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.