Возеле без положен возачки испит, пијани и со активна забрана за управување: Приведени 7 возачи

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит, Х.И.(39) од Велес, С.Ш.(36) од Куманово и А.Ш.(25) од село Селце.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, З.С.(43) од Куманово и З.З.(63) од Велес.

Исто така, двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило, К.Е.(49) од село Ѓурѓевиште, гостиварско и Р.С.(47) од Кавадарци.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат активна забрана за управување. Непочитувањето на правилата ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Со одговорно однесување и почитување на законите, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта и заштита на човечките животи.

Најнови вести