30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 4 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВОЈНО УБИСТВО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Кривичниот суд во Скопје им одреди 30-дневен притвор на четворицата осомничени за двојното убиство во скопската населба Ѓорче Петров.

Осомничените претходно беа во 48- часовен притвор, а со новата судска одлука мерката е продолжена за 30 дена.

Министерството за внатрешни работи на 28 октомври соопшти дека во врска со случајот биле лишени од слобода четири лица: А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Тие се сомничат за две кривични дела „разбојништво” со смртни последици, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Истрагата продолжува.

Најнови вести