Полициски службеници од СВР Скопје, вчера ги приведоа А.М.(21), Н.Ј.(20), Л.П.(20), И.Р.(20), Д.Д.(19) и А.М.(20) сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 21:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје физички го нападнале М.Т.(18) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.