Среднорочни избори во Соединетите Американски Држави. Главното прашање е дали Републиканците ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот.
Исходот треба да го одреди политичкиот баланс на силите во Вашингтон и ќе влијае врз преостанатите две години од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.
Речиси 210 милиони Американци имаат право да гласаат. Повеќе од 55 милиони Американци веќе гласаа однапред – според податоците на Универзитетот во Флорида. Во многу држави, каде што се води најнеизвесната битка, бројот на рано гласање веќе го надмина нивото забележано на изборите пред четири години.
Демократските кандидати водат во шест од седумте клучни држави, вклучително и во традиционалните републикански упоришта, Тексас и Канзас.
Среднорочните избори традиционално се одржуваат на половина од мандатот на актуелниот претседател на САД, а се избираат членови на Конгресот, кој се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот.
Гласањето се смета и за индикатор за проценката на Американците за администрацијата на Доналд Трамп досега.
Економијатa, високите цени на горивото, храната, домувањето и здравствената заштита, војната со Иран, царинските политики беа во фокусот на предизборните собири.
Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа завршното предизборно обраќање во Вашингтон, а значителен дел од говорот му посвети на обновениот базен пред Меморијалниот центар на Абрахам Линколн.
Во политичкиот дел од говорот ги критикуваше демократите и ги бранеше резултатите на својата администрација, особено во областа на даночната политика и граничната безбедност.