Финишира изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и наскоро ќе биде пуштен во функција.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека веќе се асфалтираат пристапните улици и ќе биде ставен во функција. Претходно бил решен процесот на експропријација неопходен за пристапите, била ослободена и трасата и сега работите се одвиваат во насока мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општи.
-Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување, вели Ѓорѓиевски.