град скопје

СТАР СИМБОЛ, НОВ СЈАЈ: Камениот мост блесна во ново светло (ФОТОГАЛЕРИЈА)

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски.

– Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска. Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме. Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас – изјави Ѓорѓиевски.

Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.

– Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите – така се гради пријателство што остава трага. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот и нагласи дека со заедничката реализација на овој проект се испишува уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција.

Најнови вести