ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Скопјани пијат безбедна вода- сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат резултатите од најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во периодот од 26 до 30 октомври годинава, Секторот за санитарна контрола земал вкупно 191 примерок за физичко-хемиска и 191 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење.

Испитувањата биле спроведени на 42 мерни места на територијата на Град Скопје.

Според добиените резултати, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Најнови вести