Соединети американски држави

Се урна зграда во Бруклин: Петмина повредени, еден градежен работник е во критична состојба

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, откако се урна зграда во Бруклин, соопшти противпожарната служба на Њујорк.

До уривањето дошло на градилиште во станбената населба Флетбуш, во јужниот дел на Бруклин, пренесува порталот ABC7NY.

Според информациите од противпожарната служба, повредени се четворица градежни работници, од кои најмалку еден е во критична состојба.

Спасувачките екипи се на терен и во тек е потрага по евентуално заробени лица под урнатините.

Инцидентот бил пријавен околу 16 часот по локално време. Засега нема дополнителни информации за причините за уривањето.

Најнови вести