СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА: Луѓето панично бегале-има повредени

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Силен земјотрес го погоди централниот дел на Јапонија изминатата ноќ, околу еден часот по локално време, при што најмалку 22 лица се повредени. Исплашените граѓани ги напуштале зградите во обид да се спасат.

Според Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил со магнитуда од 5,7 степени, додека Американскиот геолошки институт (USGS) регистрирал магнитуда од 5,5 степени. По главниот потрес следувале неколку послаби последователни земјотреси.

Земјотресот бил почувствуван на пошироко подрачје во близина на префектурата Аичи, вклучувајќи го градот Хамамацу, историските престолнини Кјото и Нара, префектурата Јаманаши, каде што се наоѓа планината Фуџи, како и градот Гифу.

Потресот се случил во неделата во 1:04 часот по локално време, а неговиот епицентар бил лоциран на длабочина од околу 40 километри под површината на земјата, во префектурата Шизуока, која се граничи со Аичи.

Јапонската телевизија емитуваше снимки од искршени излози на продавници, парчиња стакло расфрлани по улиците, како и книжарница во која голем број книги паднале од полиците.

Меѓу повредените има и лица кои паднале по скали додека се обидувале да избегаат од зградите.

Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за можни силни последователни потреси во наредните недели, особено во следните два до три дена.

Брзите возови „Шинкансен“ сообраќаа со намалена брзина во погодените подрачја како мерка на претпазливост, бидејќи земјотресите понекогаш можат да предизвикаат оштетувања и деформации на железничките шини.

Јапонија се наоѓа во сеизмички активно подрачје, каде што земјотресите се честа појава.

 

Најнови вести