Во загрепската Клиника за трауматологија досега се примени осум патници кои се повредени при превртувањето на автобусот на „Ниш експрес“ во близина на Иваниќ-Град во Хрватска, изјави дежурниот трауматолог, прим. д-р Марио Маловиќ.
„Главно станува збор за полесни телесни повреди, рани и нагмечувања на различни делови од телото“, изјави Маловиќ за ХРТ, наведувајќи дека очекува во Клиниката за трауматологија да бидат префрлени и потешко повредени патници од другите загрепски болници.
Тој истакна дека Клиниката располага со доволно медицински персонал за згрижување на повредените, како и дека е подготвена да прими дополнителни пациенти.
Тешка автобуска несреќа на автопатот АЗ во Хрватска се случи утрово. Автобус со српска регистарска табличка излетал од патот и се превртел на делницата меѓу Иваниќ-Град и Загреб, рано утрово по седум часот.
Според првичните неофицијални информации, во возилото се наоѓале 33 патници и двајца возачи. Хрватските медиуми објавија дека две лица загинале.