превземање на функцијата во ојо гокк

Новоизбраната шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева денеска треба да даде свечена изјава за стапување на функцијата пред Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Искра Хаџи Василева беше избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче на изборите одржани на 28 октомври годинава.

За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Василева, претставувајќи ја својата програма пред Советот на јавните обвинители, на 13 октомври истакна дека фокусот на ова Обвинителство мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои го зафаќаат поширокиот јавен интерес, го нарушуваат мирот на граѓаните и го оневозможуваат прогресот.

Изборот се спроведе поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година. Огласот за избор беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

Најнови вести