Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност презеде дејствија во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет.
Како резултат на координираните активности, во различни земји уапсени се седуммина осомничени лица, извршени се претреси на 17 локации и запленети се повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности.
Операцијата била спроведена со поддршка и координација на Европол и Европравда, а во неа учествувале надлежни органи од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија.
Според досегашните сознанија, утврдената финансиска штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави.