На седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за заменик на генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки е избран Љупчо Пренџов.
Тој во објава на социјалните мрежи му се заблагодари на претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, како и на членовите на Извршниот Комитет за поддршката.
-Ова за мене претставува ново поглавје во политичкиот ангажман, кое го започнувам со јасна определба – довербата да ја оправдам со личен ангажман, доследност и конкретна работа.
Продолжуваме со јасна цел, заедничка посветеност и одговорност кон партијата и кон Македонија.
Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати, напиша Пренџов.