Во пожарот во фабриката за слатки на островот Јава во Индонезија животот го загубија најмалку седум лица, додека 50 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска индонезиската полиција.
Претходно беше соопштено дека 15 лица се спасени, од кои четворица се пренесени во здравствени установи. Пожарот избувна синоќа, а операцијата за пребарување и спасување продолжува денеска.
Според властите, поради силината на пожарот, не е можно жртвите да се идентификуваат визуелно, па затоа се собираат примероци од ДНК од членови на семејството, како и лични предмети на исчезнати работници.
– Фабриката е во сопственост на кондиторската компанија „Фонуа Агунг Мулија“, која се наоѓа на околу 50 километри од Џакарта, во округот Серанг – изјави претставник на спасувачките служби.