Од затвор Стојан Чифлигароски оди во куќен притвор

Чифлигароски е сопственик на компанијата „СВ инвест“, која во минатото добиваше милионски тендери од РЕК Битола, а подоцна заврши во стечај. Во истрагата за предметот „Синџир“, тој се сомничи дека бил еден од организаторите на злосторничко здружување.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даде мислење дека основан е предлогот на одбраната на осомничениот Стојан Чифлигaроски, мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Кривичниот совет постапувајќи во границите на предлогот на одбраната и позитивното мислење на обвинителствотот, донесе одлука со која го прифати предлогот на одбраната како согласен предлог меѓу странките и мерката притвор ја замени со мерка куќен притвор.

Истовремено определи мерка на претпазливост-одземање на важечките патни исправи на осомничениот (две патни исправи).

Оваа одлука се темели на наведеното во позитивното мислење на обвинителството во кое е наведено дека истражната постапка е во завршна фаза, како и заради здравствената и семејна состојба на осомничениот, поткрепено со медицинска документација.

Против истата странките имаат право на жалба во рок од 24 часа од приемот, а жалбата не го одлага извршувањето.

Најнови вести