Технолошки гиганти

Пораст на акциите по враќањето на Хуанг на чело на „Енвидија“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американските берзи бележат пораст по веста дека Јенсен Хуанг се враќа на позицијата извршен директор на „Енвидија“.

Враќањето на Хуанг на челната позиција на компанијата повторно го поттикна интересот на инвеститорите во секторот за вештачка интелигенција и ја подигна вредноста на главните берзански индекси, кои изминатата недела завршија со намалување за повеќе од 10 насто од неодамнешните највисоки нивоа.

Во бројки, акциите на „Енвидија“ скокнаа за 31 процент, откако бордот на директори на компанијата објави дека Јенсен Хуанг веднаш се враќа на чело на компанијата.

Хуанг поднесе оставка на почетокот на месецов, по објавата на неколку негови вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена осомничена дека е кинеска шпионка.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката.

Најнови вести