Првата дама ѕирна во својот гардеробер и го извади омиленото празнично модно парче, додека божиќните подготовки се во полн ек.
Меланија Трамп ја пречека божиќната елка за Белата куќа во црвено-бело карирано палто на дизајнерката Габриела Херст, кое првпат го носеше во 2019 година.
Елката, висока околу 5,5 метри, пристигна од Висконсин, од фармата „Silent Night Evergreens“, која обезбедила божиќни елки за Белата куќа и во 1998, 2003 и 2017 година.
Меланија Трамп (56) се препушти на празничниот дух додека ја пречекуваше овогодишната божиќна елка за Белата куќа, враќајќи го во мода дизајнерското палто од својот прв мандат како прва дама.
Првата дама на Америка за пречекот на 23 ноември облече црвено-бело карирано палто на дизајнерката Габриела Херст, комбинирајќи го ова впечатливо модно парче со бордо салонки со шпиц. Насмеана покрај коњската запрега што го превезуваше високото зимзелено дрво, Меланија изгледаше целосно подготвена за божиќната сезона.
Со крупниот кариран дезен, двојното закопчување и соодветниот ремен, палтото на Меланија внесе празнични бои во дворот на Белата куќа.
Моделот со должина до глуждовите го красеа зашилена јака, манжетни со копчиња и коси џебови со преклоп. Ременот го врза напред, дозволувајќи впечатливиот дезен на ткаенината да остане во центарот на вниманието.
Нејзините бордо потпетици совршено се вклопија со пригушените црвени тонови на палтото, додека косата со прамени ѝ паѓаше во опуштени бранови околу рамениците. Розовиот кармин и нежно нагласените очи го надополнија целокупниот изглед.
Првпат го облече во 2019 година
Со ова појавување, креацијата на Габриела Херст, чија цена изнесува 3.275 еврa, доби уште едно празнично издание, седум години откако Меланија ја носеше покрај Доналд Трамп на церемонијата на палење на светилките на божиќната елка во 2019 година.
Овојпат палтото совршено се вклопи со празничните украси што ја опкружуваа – од црвените тркала на запрегата до големите панделки прикачени на зимзелените венци.
Меланија Трамп ја пречека божиќната елка за Белата куќа
Елката пристигна на зелена кочија што ја влечеа коњите Бен и Роко, додека напред седеа кочијаши со цилиндри на главите.
Меланија ја обиколи запрегата за да го разгледа дрвото, пред да ги поздрави членовите на семејството Чепмен, од чија фарма во Висконсин потекнува овогодишната елка.
Елката, висока околу 5,5 метри, пристигна од имотот „Silent Night Evergreens“ во местото Ендевор и е избрана за Сината соба на Белата куќа.
Со оваа испорака продолжи семејната традиција, бидејќи истата фарма обезбедила божиќни елки за Белата куќа и во 1998, 2003 и 2017 година.
На прозорците на Белата куќа веќе беа поставени венци украсени со црвени панделки, откривајќи дел од празничните подготовки.
За време на настанот, Меланија упати и кратка празнична порака. На прашањето за што е благодарна, таа одговори:
„Елката е прекрасна. Благодарна сум за семејството и здравјето, а на сите им посакувам среќен Божиќ.“