Утре во Собранието продолжува надзорната расправа за Алта банка. Шефицата на државата Гордана Сиљановска Дафкова поради оправдани причини од организационен карактер поради настанот Брдо Бриони кој в петок ќе се оддржи во Охрид претседателката нема да учествува во надзорната расправа.
Претседателката на комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска посочи дека дел од поканетите се уште не го потврдиле своето присуство на надзорната дури и по втор пат откако биле поканети но како што рече тоа не значи дека надзорната ќе застане тука и дека не се исклучува можноста да почнат да ги носат заклучоците .
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека расправата ја реализирала својата цел и сега на ред е да се изготват заклучоците за кои како што велат очекуваат дека опозициската СДСМ нема повторно да се стреми кон сеење страв и паника за ситни политички поентирања .
Од Левица пак и претходно во неколку наврати посочуваа дека иако ќе учествуваат во надзорната и овој пат не очекуваат голем епилог и дека на стравуваат дека на крај сето тоа ќе се сведе само како театар за јавноста. Претходниот пат учествуваа премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на НБРМ Трајко Славевски и министерката за финансии Кочовска.