Еден пациент починал, а регистриран е и еден нов суспектен случај на западнонилска треска во изминатите три дена, информира министерот за здравство, Сашо Клековски.
Починатиот пациент е маж на 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил хоспитализиран повеќе од 38 дена.
Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум. Сите починати досега се мажи.
Бројот на хоспитализирани пациенти останува 19, а здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата.