Се метеа сервисните улици, се отстрануваа дивите мини-депонии, собрани беа паднатите лисја и гранки, се кастреа гранките на дрвјата долж улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“.
Активностите продолжуваат во насока на одржување на јавните површини и подобрување на хигиената во сите населби на Карпош.
Чистата животна средина е заедничка одговорност! Апелираме до сите граѓани совесно да го одложуваат отпадот на предвидените места, да ги чуваат јавните површини и одговорно да ги користат детските игралишта и урбаната опрема, стои во соопштението.